Категорија: Франција 07.12.2021 08:57
Вајналдум беше една од ѕвездите кои во ПСЖ пристигнаа како слободни фудбалери во минатиот летен преоден рок. Интерес за него имаше и од Барселона, но тој сметаше дека подобро место за него е парискиот клуб.
Сепак, работите не се одвиваат онака како што тој замислувал и последните информации велат дека Вајналдум сака да си замине од ПСЖ.
Активни се критиките во Париз за поранешниот фудбалер на Ливерпул, а некои информации велат дека ПСЖ сака да го ангажира Брозовиќ, а да го продаде Вајналдум.
Според „ТимТок“, Вајналдум жали за одлуката да се пресели во ПСЖ и сака да си замине уште во зимскиот преоден рок.
Холанѓанецот би можел да се врати во Премиерлигата, за неговите услуги има силен интерес од Њукасл.