24фудбал

Што се крие зад нерасположението на Мората во Јувентус

Шпанскиот напаѓач на 15 натпревари сезонава во Серија А постигна само три погодоци, а не успеа да погоди во победата против Џенова синоќа.

Италија

Алваро Мората има низа неизвесности околу неговата иднина, особено поради тоа што Јувентус барем засега не е заинтересиран да ги исплати потребните 35 милиони евра на Атлетико Мадрид за да го откупи неговиот договор.

29 годишниот шпански напаѓач според предвиденото во Јувентус треба да е на позајмица до крајот на актуелната сезона, а има договор со „Јорганџиите“ со важност до 2023 година.

Мората имаше и една расправија со својот тренер Масимилијано Алегри во вчерашната победа над Џенова, а постојат повеќе теории околу причините за истата.

Тој доби жолт картон и продолжи да се расправа, а поради тоа решив да го повлечам од игра, сево ова е разочарувачки, Алваро играше добро, а исто и целиот тим“ рече Алегри по мечот.

„Скај Спорт Италија“ наведува дека главната причина за нерасположението на Мората е поради слабиот учинок во реализацијата, а самиот Шпанец по мечот со Џенова на социјалните мрежи испрати јасна порака дека нема никаков проблем со Алегри.