24фудбал

Барселона во напредни преговори со Аспиликуета

32 годишниот Шпанец веќе подолг период се верува дека е еден од приоритетите на Барселона за засилување на тимот.

Шпанија

Барселона е во напредни преговори со бекот Цесар Аспиликуета за негов ангажман идното лето, известуваат од Шпанија, а веќе познато е дека на искусниот фудбалер договорот му истекува токму тој период.

Не се исклучува можноста за договорот да се реализира уште идниот месец, а новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез е особено заинтересиран за Аспиликуета.

„Ел Насионал“ додава дека токму Чави притиска за договорот да се реализира, со тоа што првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта се согласува со тренерот.