24фудбал

Ибрахимовиќ се шегува: Сум играл со две генерации Малдини, можеби ќе играм и со син му на Даниел

Златан Ибрахимовиќ се надева дека ќе го продолжи договорот со Милан и следната сезона ќе настапува за росонерите, вели дека би играл се додека го држи адреналинот.

Италија

Ибрахимовиќ сака да освои уште едно Скудето во Серија А и се надева дека наскоро ќе постигне согласност за нов договор со Милан.

„Сакам да играм колку што е можно подолго, додема имам адреналин ќе продолжам“, вели Ибрахимовиќ.

„Ајде да го ставиме Милан под притисок да ми даде нов договор, се надевам дека до крај ќе останам во Милан. Се уште имам цели кои можам да ги остварам, сакам да освојам уште едно Скудето“.

Ибрахимовиќ вели дека се плаши да прекине да игра бидејќи не знае што би правел потоа.

„Не знам што ќе се случува по фудбалот, па малку ми е страв да прекинам. Ќе видиме, сакам да продолжам да играм“.

Ибрахимовиќ е еден од малкуте играчи кои на теренот бил со две генерации од иста фамилија, во неговиот случај тој има играно со Паоло Малдини, а сега игра со неговиот син Даниел.

„Тоа е прекрасно, ќе видиме, ако адреналинот продолжи ќе можам да играм и со синот на Даниел исто така“, се шегува Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ вели дека би можел да биде и голман на Милан.

„Сум бил и голман во еден од моите тимови, не бев задоволен од тој што го имавме, па застанав јас на голот“.

„Адреналинот ме држи на ова ниво и тоа е клучно за се. Порано бев повеќе рок н рол, пофокусиран на убавината, сега сум позрел. Како дете бев многу активен, родителите не можеа да ме држат под контрола“.

„Секое утро се будам со болка, но се уште имам цели кои сакам да ги остварам. Тоа секојдневно страдање треба да го претворите во позитивна енергија“.