24фудбал

Нема услови за фудбал во Битола, одложен мечот меѓу Пелистер и Вардар

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар од четвртфиналето во Купот на Македонија кој требаше да се игра во Битола, е одложен поради многу снег на теренот.

Македонија

Битолчани не успеаа навреме да го исчистат снегот кој го натрупа теренот на стадионот, па денеска нема услови да се одигра мечот меѓу Пелистер и Вардар.

Пресметката се одложува за две недели, на 14 декември откако ќе заврши есенскиот дел во Првата и Втората лига.

Останатите три меча ќе се одиграат според првичниот распоред, денеска од 13 часот играат: Шкендија - Струга ТЛ, Македонија ЃП - Шкупи и Силекс - Брегалница.

Фото: ФК Вардар