24фудбал

Челси на Рудигер му нуди три милиони фунти помалку од тоа што бара Германецот

Голема неизвесност постои околу иднината на германскиот стопер кој во јануарскиот преоден рок ќе може да преговара со клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.

Англија

Во Реал Мадрид наводно се оптимисти дека би можеле да го обезбедат потписот на Антонио Рудигер чиј актуелен договор со Челси истекува идното лето, а обете страни се барем засега далеку од постигнување договор за продолжување на соработката.

28 годишниот германски стопер наводно бара 10 милиони фунти годишна плата, а се верува дека последната понуда од страна на Челси до него изнесувала 7 милиони фунти, што е нешто помалку од тоа што го заработуваат Тимо Вернер, Тијаго Силва, Каи Хаверц, како и Ромелу Лукаку.

„Дејли мејл“ извести дека Рудигер сепак првично посакува да остане на „Стемфорд Бриџ“, но за да се случи тоа и повеќе од веројатно е дека ќе треба да се помири со помала плата од онаа која ја бара во текот на преговорите.