24фудбал

Салцбург трие раце: Дортмунд понуди 35 милиони, Барса отиде чекор понапред и на маса стави 40 милиони за Адејеми

Според пишувањата на Скај Германија, Борусија Дортмунд и Барселона наддаваат за услугите на 19 годишниот Карим Адејми, РБ Салцбург добил понуди вредни 35 милиони, односно 40 милиони евра.

Останато

Карим Адејеми важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, со добрите партии го привлече вниманието на гигантите ширум Европа и само прашање на време е кога ќе направи трансфер.

Според Скај Германија, Борусија Дортмунд и Барселона наддаваат за услугите на 19 годишниот офанзивен фудбалер. Kлубот од „Сигнал Идуна Парк“ понудил 35 милиони, додека пак „каталонците“ на маса ставиле 40 милиони евра.

Борусија Дортмунд од друга страна го примамува Карим Адејеми со поголема плата од онаа која Барселона му ја понудила на момчето.