24фудбал

ПСЖ поставил два услови за Покетино да се пресели во Манчестер јунајтед

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ поставил два услови за Маурисио Покетино да се пресели во Манчестер јунајтед но „ѓаволите“ не притиснале доволно па Аргентинецот остана во Париз.

Франција

По отказот на Оле Гунар Солшер, медиумите почнаа со шпекулации за тоа кој ќе биде нов тренер на Манчестер јунајтед. Маурисио Покетино беше посочен како главен фаворит, имаше многу гласини, но Аргентинецот остана во Париз а „ѓаволите“ го именуваа Ралф Рангник за привремено решение до крајот на сезоната.

Според пишувањата на Телефут, ПСЖ поставил два услови за Марусио Покетино да се пресели на Олд Трафорд.

Како прво, „светците“ барале да бидат платени помеѓу 15 и 20 милиони евра за да го ослободат стратегот од обврските, а како второ, да донесат соодветна заемна. На ум го имале Зинедин Зидан, но не стапиле во контакт со Французинот бидејќи Манчестер јунајтед не отворил формална комуникација и не притиснал доволно за ангажман на Аргентинецот.