24фудбал

Изјавата на сопственикот на ПСЖ која нема да му се допадне на Нејмар

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи му ја честиташе Златната топка на Меси, го спомна и Мбапе, но не и Нејмар.

Франција

Синоќа за првпат фудбалер на ПСЖ доби Златна топка, тоа го потенцираше газдата на ПСЖ и изрази надеж дека во иднина ќе добијат уште вакви признанија.

Тој го спомна Мбапе како еден од кандидатите, но не и Нејмар кој одамна цели кон Златната топка.

„Многу сме горди на Меси. Тоа е негова седма Златна топка, а за нас прва. Се надевам дека не и последна. Имаме и други големи фудбалери, Килијан Мбапе сака да ја освои“, изјави Насер Ал Келаифи.

Ваквата изјава на претседателот на ПСЖ може да се протолкува и како последен притисок и умилкување до Мбапе да го продолжи договорот со неговиот клуб.

Но се чини дека позицијата на Мбапе барем засега е дека ќе си оди од ПСЖ.