24фудбал

Палмеирас по третпат стана шампион во Копа Либертадорес!

Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес откако во финалето по 120 минути игра го совлада Фламенго со 2-1.

Јужна Америка

Палмеирас двапати по ред, а вкупно трипати станува шампион на Јужна Америка, во бразилското финале тие беа подобри од Фламенго.

Тие поведоа по само пет минути игра со гол на Веига. тој резултат беше актуелен се до 72. минута кога Габриел Барбоса изедначи на 1-1.

Немаше победник во регуларните 90 минути, па се премина кон продолженијата.

На почетокот на продолженијата влезе Дејверсон и токму тој се покажа како херојот на Палмеирас.

Во 95. минута Дејверсон даде гол за водство на Палмеирас од 2-1 што беше и конечен резултат на мечот.