24фудбал

Каков пресврт, Емполи со два гола за три минути ја победи Фиорентина! (ВИДЕО)

Кога се очекуваше дека Фиорентина со победа ќе си оди дома од Емполи, домаќините напавија чудесен пресврт и победија со 2-1.

Италија

По една одлична акција и асистенција од Каљехон, Влаховиќ погоди во 57. минута и донесе водство за Фиорентина на гостувањето кај Емполи.

Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога Бандинели го изедначи резултатот на 1-1.

Во 89. минута Пинамонти постигнува гол за комплетен пресврт и победа на Емполи од 2-1. Вистински шок за Фиорентина.