24фудбал

Рома со убедлива победа над Зорја се пласираше во нокаут фазата од Конференциската лига

Рома гневот од лошите игри против Бодо/Глимт го истури врз Зорја која ја победи со 4-0 и на коло пред крајот се пласираше во следната фаза од Конференциската лига.

Италија

Рома на овој меч делуваше многу подобро отколку на оние со норвешкиот тим. Фудбалерите на Мурињо дадоа четири гола, а можеа и повеќе.

Серијата ја отвори Перез во 15. минута по една прекрасна асистенција од Ел Шарави.

Во 33. минута Заниоло конечно постигна гол, младата ѕвезда реализираше за 2-0. Претходно промаши неверојатна шанса.

На пет минути пред крајот на првиот дел Рома пропушти од пенал да го зголеми водството, Верету не реализираше од белата точка, голманот на Зорја одбрани.

Но, во првата минута од второто полувреме одличен соло продор на Заниоло и асистенција до Абрахам на кој не му беше тешко да даде гол и да зголеми на 3-0.

Конечните 4-0 75. ги постави Абрахам со својот втор гол, напаѓачот погоди со ножички и ја завери победата.

Во другиот меч од оваа група Бодо/Глимт ја победи ЦСКА Софија со 2-0.

Бодо/Глимт е прв со 11 бодови, Рома има 10, Зорја 6, последна е ЦСКА Софија со 1.

Во последното коло Рома гостува кај ЦСКА Софија, а Бодо/Глимт оди кај Зорја.

Рома за да го освои првото место мора да победи и да чека кикс на Бодо во Украина. Првиот во групата од директно во 1/8 финале, вториот ќе игра и 1/16 финале.