24фудбал

Конте бесен по поразот: Ќе ми биде потребно време за Тотнем повторно да биде добар!

Тотнем со 2-1 загуби на гостувањето кај Мура и си ги искомпликува работите во Конференциската лига, ризикува дури и да испадне од натпреварувањето.

Англија

Антонио Конте беше бесен по поразот во Словенија и вели дека ќе му биде потребно време за да го направи Тотнем силен.

„Ова е лош пораз. Одигравме лошо. Знаеме дека има многу работа пред нас. Ова е тежок момент“, вели Конте.

„Потребно ни е трпение за да напредуваме, за повторно да бидеме добри. Бевме лоши не само технички и тактички, туку и ментално. Ќе биде потребно време за да го вратиме Тотнем“.