24фудбал

Пиоли добива нов договор со поголема плата

Искусниот италијански фудбалски стратег е на чело на кормилото на „Росонерите“ од 2019 година, од тогаш па наваму со значителен успех го води тимот од Милано, за што ќе добие и награда за резултатите.

Италија

Се верува дека во идните два дена од италијанскиот прволигаш Милан ќе објави за продолжувањето на соработката со својот тренер Стефано Пиоли, кој ќе добие нов договор со значително подобри услови.

„Газета дело Спорт“ извести дека обете страни се веќе подготвени за официјализација на продолжување на соработката, а постојат три опции на маса.

Едната опција е продолжување на соработката за една година, другата е една година со опција за дополнителни 12 месеци, а Пиоли има опција и за двегодишен договор.

Моменталната плата на годишно ниво за Пиоли е 2 милиони евра, а во истиот има и дополнителни 500 илјади евра во бонуси за пласман во Лигата на шампионите, а со новиот договор би заработувал 3.5 милиони евра, кои со бонуси би достигнале до 4 милиони евра годишна плата.