24фудбал

Драми на пресконференцијата на Клоп (ВИДЕО)

Африканскиот куп на нации се игра од 9 јануари, а ќе трае до 6 февруари, а коментарот на Клоп за истиот турнир крена голема прашина во јавноста.

Англија

По победата над Арсенал со високи и убедливи 4-0 на свој терен, шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп на пресконференцијата по дербито говореше и за интернационалната пауза, со тоа што истакна дека е среќен со тоа што нема да има седо март, меѓутоа Африканскиот Куп на нации го нарече „мало натпреварување“.

Често слушам дека нема интернационална пауза до март, во јануари се игра еден мал турнир во Африка, само би сакал да го потенцирам ова, во Азија исто така се играат некои натпревари, Јужна Америка, одлично, едвај чекам“ рече тогаш Клоп.

Со тоа, еден новинар по синоќешната победа на „Редсите“ над Порто со 2-0 во Лигата на шампионите побара коментар од Клоп за неговите тврдења за сето тоа што го истакна пред две седмици, бидејќи, како што кажа новинарот, тоа предизвикало омоловажување за Африканците.

Сето тоа не го мислев на тој начин, не знам зошто го разбравте на тој начин“ рече Клоп.

Не е ниту близу до тоа што го имав на ум, најмалку да говорам за тоа дека Африканскиот куп на нации е мало натпреварување, најмалку тоа сакав да го кажам“ додаде Германецот.

Така е бидејќи не ги следите пресконференциите во целост, доколку сакавте да ме разберете, ќе ме разберевте, јас реков дека нема интернационална пауза до март, а додадов дека постои мало натпреварување во јануари, но не мислев дека мал по однос на квалитетот, како што вие го пренесовте тоа, тоа е сепак голем турнир, сево ова е толку иронично...“ подвлече Клоп кој за време на тој период ќе ги нема на располагање Мохамед Салах, Садио Мане, како и Наби Кеита.