24фудбал

Нов срамен пораз на македонските фудбалерки, загубија од Северна Ирска со 11:0

Северна Ирска која е трета репрезентација во нашата група ни приреди дебакл, дури 11 пати ја тресеше мрежата на женската репрезентација на Македонија.

Македонија

На тренинг комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ, се играше мечот од петтото коло од квалификациите за СП меѓу Македонија и Северна Ирска.

Селекторот Кирил Изов не можеше да смета на најдобрите фудбалерки како Андонова и Рочи, беа отсутни и Јанковска, Николовска, Чубрина, Положани и Димоска, оние кои играа се посрамотија.

Северна Ирска ни даде дури 11 голови, седум во првото и четири во второто полувреме.

За четири дена овие две репрезентации имаат нова пресметка, мечот се игра во Белфаст на 29. ноември.

Фото: ФФМ