24фудбал

Тијаго Силва наскоро ќе добие нов договор, Бразилецот сака да остане во Челси

Тијаго Силва игра во извонредна форма и покрај возраста, и тој и клубот се задоволни од соработката и наскоро ќе ги почнат преговорите за нов договор.

Англија

Тијаго Силва има 37 години, но игра фантастично и е вистински лидер во одбраната на тимот, но и во соблекувалната.

Фабрицио Романо тврди дека двете страни наскоро ќе почнат разговори за нов договор со трајност до јуни 2023 година.

Силва го сака клубот, фановите, атмосферата во соблекувалната и е во одличен однос со Томас Тухел кој му беше тренер и во ПСЖ.