24фудбал

Коментатор брутално го навреди Вида: Толку е грд што не смее да игра во овој термин, деца гледаат (ВИДЕО)

Холандскиот коментатор Зирд Де Вос ја шокираше јавноста откако брутално го навреди капитенот на Бешикташ, Домагој Вида.

Лига на Шампиони

На почетокот од натпреварот меѓу Бешикташ и Ајакс, коментаторот неочекувано почна да го навредува Вида.

„Вида не смее да игра во овој термин од Лигата на шампионите бидејќи е премногу грд, деца гледаат телевизија. Бешикташ ќе мора да бара специјална дозвола за негово играње“, рече коментаторот.