24фудбал

Голот на Елмас не беше доволен, Наполи загуби во Москва (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 беше поразен на гостувањето кај Спартак Москва, Елиф Елмас беше стрелец на единствениот погодок за наполитанците кои во последното коло ќе мора да го победат Лестер за да продолжат во Лига Европа.

Лига Европа

Наполи доживеа уште еден пораз од Спартак Москва, а и во овој меч против рускиот тим Елиф Елмас постигна гол.

Фудбалерите на Наполи направија прекршок за пенал уште во првата минута, Соболев реализираше за водство на Спартак од 1-0.

При негатива од 1-0, Елиф Елмас имаше голема двојна шанса но голманот на Спартак беше подобар.

Во 28. минута нов гол за Спартак Москва, Соболев зголеми на 2-0.

Течеше 64. минута кога по асистенција од Петања, Елиф Елмас погоди со глава и намали на 2-1.

Нашиот фудбалер во финишот имаше уште една шанса со глава, но голманот Селихов спречи израмнување.

Ситуацијата во групата сега е комплицирана, на Наполи во последното коло ќе му биде потребна победа над Лестер за да се пласира во нокаут фазата.