24фудбал

Јувентус го сака Влаховиќ уште во јануари, за услугите на Србинот ќе понуди 50 милиони

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Јувентус сака да го купи Душан Влаховиќ уште во зимскиот преоден рок, „старата дама“ е подготвена да плати 50 милиони евра за услугите на Србинот.

Италија

Јувентус ќе тргне во офанзива за потписот на Душан Влаховиќ, „старата дама“ сака да го ангажира Србинот уште во јануари и на маса ќе стави 50 милиони евра.

Фиорентина сака 70-80 милиони евра за услугаите на напаѓачот и префериар да го продаде во странство, но Јувентус се надева на помош од самиот играч, кој сака да остане во Калчото и да се пресели на Алианц во Торино.

Манчестер Сити, Тотнем, Арсенал, Њукасл и Атлетико Мадрид се дел од клубовите кои се распрашуваат за Душан Влаховиќ, кој оваа сезона има 10 погодоци на 13 натпревари во Серија А.