24фудбал

Шкупи пет пати ја тресеше мрежата на Пелистер, Академија Пандев го победи Тиквеш

Шкупи со убедливи 5-0 ја победи екипата на Пелистер, Академија Пандев со 3-2 славеше над Тиквеш и ја одржа негативата од четири бода разлика.

Македонија

Чаирскиот клуб продолжува со убедливите игри оваа сезона, денеска жртва беше фенерџијата, тимот на Пелистер.

Матеј Цветановски даде два гола, по еднаш погодија Маркоски, Ѓорѓиевски и Чешмеџиев за победа на Шкупи од 5-0.

Мирчевски одигра уште еден одличен меч за Академија Пандев и донесе победа над Тиквеш од 3-2.

Мирчевски во 37. минута од пенал ја отвори серијата голови, но Тиквеш веднаш израмни со гол на Каракамишев. Радиќ во 60. минута го врати водството за Академија Пандев, но Нгоба во 79. израмни на 2-2. Мирчевски со својот втор гол во 82. минута донесе триумф за Пандевци од 3-2.

Шкендија со гол на Кривак ја победи Брегалница со 1-0. Со истиот резултат славеше Струга Трим Лум над Работнички. Цаке го постигна победничкиот гол за Стружани.

Ренова со 4-1 го победи Борец во Велес. Селмани даде два гола, по еднаш погодија Мустафоф и Џон Мена за гостите, почесниот гол за велешани беше дело на Ѓорѓиев.

Вчера Македонија Ѓорче Петров со 2-1 славеше на гостувањето кај Скопје.


Табела 14. коло:

1. Шкупи 32

2. Академија Пандев 28

3. Ренова 25

4. Шкендија 24

5. Струга ТЛ 22

6. Брегалница 22

7. Македонија ЃП 20

8. Работнички 18

9. Скопје 16

10. Тиквеш 10

11. Борец 8

12. Пелистер 4