24фудбал

Мурињо: На Швеченко му посакувам да му се случи тоа што ми се случи мене, пораз во првиот меч како клупски тренер

Жозе Мурињо му посака многу успеси на Шевченко во тренерската клупска кариера, но посакува таа да му започне со пораз.

Италија

Вечерва Рома гостува кај Џенова, домаќините ќе бидат предводени од Андриј Шевченко за кого тоа ќе биде деби како клупски тренер, претходно работеше како селектор на Украина.

Мурињо има големи зборови за Шева и му посака многу успех во кариерата, но посака таа да му тргне со пораз.

„Првиот спомен од Шевченко ми е кога првпат го гледав како игра. Јас бев аналитичар во Барселона и работев на меч од Лигата на шампионите од нашата група, Динамо Киев играше против ПСВ и тоа беше првпат кога го видов“, открива Мурињо.

„После тоа тој креираше историја, нема што да се каже. Кога ќе ја освоите Лигата на шампионите и ќе добиете Златна Топка и ќе освоите многу титули, тогаш историјата зборува за вас. Фантастична приказна, за фантастичен фудбалер“.

„Ова сега е негово прво искуство како клупски тренер, но беше многу добар како селектор на Украина. Има свои сопствени идеи, сопствена фолозофија. Вистински лидер е, дури и кога е тивок. Би сакал на него да му се случи истата работа што ми се случи и мене, да го загуби првиот меч, а потоа да освои многу, му го посакувам тоа. Многу успех и многу радости“.