24фудбал

Пандев: Мурињо ми ги промени погледите, кога видов дека Ето игра како бек...

Горан Пандев вели дека Жозе Мурињо му ги променил погледите и објасни како се адаптирал во Интер и покрај тоа што не играл на својата позиција.

Македонија

Горан Пандев во својата кариера соработуваше со многу тренери, а најголемиот успех го доживеа под водство на Жозе Мурињо, со кого ја освои историската „триплета“ во дресот на Интер.

Македонецот утре ќе има нова спредба со „специјалниот“, со неговата Џенова ја пречекува Рома, па во разговор со Кориере дело Спорт беше запрашан за искуството со Португалецот.

„Мурињо ми ги промени погледите. Ми се јави веднаш по разделбата со Лацио, кога немав играно пет или шест месеци. Ме праша дали сакам да се преселам во Интер, тимот кој ме донесе во Италија. Ми изгледаше како сон. Потоа се случи тоа што се случи“ – вели Горан Пандев.

„Имам неверојатни моменти од таа сезона во Интер. Мурињо имаше способност да ги убеди сите играчи да гинат на теренот. И секогаш не бранеше. Ретко ме употребуваше на позицијата која играв, но кога го видов дека Ето игра како бек, си реков, „Кога некој како него може да се адаптира, морам и јас да се адаптирам““.

Запрашан дали се слушнал со „специјалниот“ пред дуелот во недела, Македонецот рече: „Не. Се слушнавме по крајот на Европското првенство. Но од време на време ќе си пишеме во групата „триплета“. Сите се уште сме блиски, едно големо семејство“.