24фудбал

Лаутаро Мартинез ја продолжи соработката, стана најплатениот фудбалер на Интер

Лаутаро Мартинез ставил потпис на нов договор со Интер со трајност до 2026 година, Аргентинецот ќе биде најплатениот фудбалер во составот на „нероаѕурите“.

Италија

Преговорите помеѓу Лаутаро Мартинез и Интер за продолжување на соработката завршија успешно. Голем број на извори пренесоа дека напаѓачот ставил потпис на документите и наскоро ќе пристигне официјална потврда за нова соработка до 2026 година.

Според пишувањата на Тик Спортс, Аргентинецот ќе биде најплатениот фудбалер во составот на „нероаѕурите“.

Како што пренесува Кориере дела Сера, Лаутаро Мартинез ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси, што е многу повеќе од сегашните 2,5 милиони евра.

Во новиот договор повеќе ќе ја нема откупната клаузула од 111 милиони евра, па клубовите кои ќе сакаат да го купат Лаутаро Мартинез, ќе мора да седнат на преговори со Интер.