24фудбал

Анчелоти: Проблемот на Азар е фактот што неговиот тренер преферира други фудбалери

Родриго засега е преферираниот избор на Анчелоти, а Бразилецот на довербата возврати со асистенција на „Ел Класико“.

Шпанија

Еден Азар на доби прилика за настап на големото дерби кај Барселона кое Реал Мадрид го доби со 1-2, а Белгиецот дербито го проследи од клупата за резервни фудбалери.

Шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, Карло Анчелоти помалку на шега објасни дека Азар е подготвен, а единствениот проблем на Белгиецот е фактот што тренерот преферира други фудбалери.

Азар е подготвен, но неговиот единствен проблем во моментов е фактот што има тренер кој наместо него, селектира други фудбалери, а тоа може да се случи во тим како овој“ рече Анчелоти.

Најважното во моментов е Азар да остане мотивиран, да продолжи со напорната работа за одново да се врати на терените, а тој го прави токму тоа“ додаде Италијанецот.

Неговото време ќе дојде, убеден сум дека ќе се врати на старите добри патеки, убеден сум дека ќе се врати на најдоброто свое ниво оваа сезона, засега треба само да се справи со ситуацијата, бидејќи понекогаш тренерите преферираат други фудбалери“ подвлече Анчелоти.