24фудбал

Македонските фудбалерки загубија од Луксембург во Охрид

Брзо по радоста за победата над Летонија, доаѓа разочарување за македонската женска фудбалска репрезентација, пораз на домашен терен од Луксембург со 2-3.

Македонија

Луксембург во Скопје пристигна по три порази во квалификациите и гол разлика од 0-19, па се надевавме дека фудбалерките ќе врзат две победи едноподруго, но тоа не се случи.

Нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова го одигра само првото полувреме, поради повреда не се појави на тереното во вториот дел.

Луксембург поведе со гол на Маркез Абре уште во осмата минута од мечот, потоа Македонија ја презема иницијативата и со убав гол на Рочи во 21. минута од слободен удар, израмни на 1-1.

Во 62. и 67. минута Тил двапати погоди за водство на Луксембург од 3-1.

Македонија со убав гол од слободен удар на Павлина Николовска кој беше изведен од огромна далечина, успеа да намали на 2-3 во 90. минута, но немавме време и да се спасиме од пораз.

По четири одиграни меча во квалификациите Македонија има три порази и една победа со гол разлика 6-18.