24фудбал

Преговорите помеѓу Њукасл и Фонсека се во напредна фаза

48 годишниот португалски фудбалски стратег одново се поврзува со клуб од Премиерлигата, а за него тоа би било прво искуство на Островот во својата тренерска кариера.

Англија

Откако се раздели со Стив Брус, Њукасл наводно е во преговори со поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, а се верува дека преговорите се во напредна фаза.

Фонсека е прва желба на новото раководство на клубот од „Сент Џејмс Парк“, а особено на новата директорка на Њукасл, Аманда Стејвли, тврди „Гардијан“.

За услугите на Фонсека претходно интерес пријавуваше и Тотнем, особено по ланската турбулентна сезона, меѓутоа, и покрај тоа што обете страни постигнаа согласност, до официјализација на договорот не дојде.

Освен Фонсека, за тренерското столче во Њукасл се спомнуваат уште и Роберто Мартинез, Френк Лампард, Стивен Џерард, како и Еду Хау.