24фудбал

Халанд нема да се штеди во своите барања во преговорите со заинтересираните клубови

Два Премиерлигаши се издвојуваат во битката за потписот на 21 годишниот напаѓач кој на лето ќе биде доста атрактивна опција за повеќе гиганти.

Останато

Манчестер јунајтед и Челси веројатно ќе треба одново да размислат околу можниот ангажман на Ерлинг Халанд, откако низ медиумите се појавија шпекулации дека норвешкиот напаѓач ќе бара плата во висина од околу 30 милиони фунти на годишно ниво.

Со тоа што откупната клаузула ќе му биде во висина од 65 милиони фунти идното лето, европските гиганти веќе го активираа алармот за неговиот потпис, а „ЕСПН“ извести дека Норвежанецот нема да се штеди во своите барања во преговорите.

За Норвежанецот, освен Манчестер јунајтед и Челси, истовремено како заинтересирани клубови се споменуваат уште Манчестер Сити, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, но и Баерн Минхен.