24фудбал

Братското дерби помеѓу Тетекс и Вардар ќе се одигра во Тетово

Во најава е заедничко дефиле помеѓу збратимените навивачки групи на обата клуба низ градот под Шара.

Македонија

Во сабота со почеток од 14 часот на Градскиот Стадион во Тетово ќе се одигра братското дерби помеѓу Тетекс и Вардар, а за сево ова потврди и навивачката група „Комити“ која најави спектакл со збратимените „Војводи“.

„Натпреварот се игра на 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Организација !
Заедно со браќата Војводи ќе го обележиме со заеднички спектакл, низ Тетовските улици и на трибините“ стои во нивната објава на социјалните мрежи.

Претходно се навестуваше дека дербито нема да се одигра во Тетово поради безбедносни причини, меѓутоа притисокот на обете навивачки групи вроди со плод.

На табелата во второлигашката конкуренција „Запад“, Вардар и Тетекс се на делба на четвртото место со по 11 освоени бода по седум одиграни кола.