24фудбал

Фудбалерите на Барселона организирале заедничка вечера во пресрет на Ел Класико

Барселона во недела го пречекува Реал Мадрид во првото Ел Класико оваа сезона, фудбалерите на каталонскиот клуб сакаат ја зголемат сплотеноста во пресрет на ова големо дерби.

Шпанија

Барселона игра променливо оваа сезона, но победите над Валенсија и Динамо Киев доаѓаат во вистински момент, пред дуелот со Реал Мадрид.

Според каталонскиот медиум „Спорт“, Роналд Куман за денеска на фудбалерите им дал слободен ден, а тие заедно се договориле како да го искористат.

Сите фудбалери на Барселона вечерва ќе седнат на заедничка вечера во центарот на градот. Ова дружење треба да помогне дополнително да се зголеми сплотеноста меѓу играчите пред дуелот со Реал Мадрид.

Натпреварот меѓу Барелона и Реал Мадрид се игра во недела со почеток од 16:15 часот.