24фудбал

Србија почнува со изградба на модерен национален стадион кој ќе чини 257 милиони евра (ВИДЕО)

Србија почнува да го гради најавениот стадион за националните фудбалски селекции кои треба да биде еден од најмодерните на Балканот.

Останато

Лани во ноември беше најавена изградбата на стадионот, тогаш беше презентирано и идејното решение, а сега почнува реализација на големиот проект.

Стадионот ќе се гради во општината Сурчин, во близина на аеродромот „Никола Тесла“, според прогнозите тој треба да биде готов во 2025 година кога треба да се одиграат првите натпревари на него.

На стадионот ќе играат само националните селекции на Србија, а во склоп на него ќе има и трговски центар, музеј на репрезентација, фудбалска академија...

Изградбата на стадионот ќе чини 257 милионии евра, а капацитетот ќе биде околу 55.000 гледачи. Ќе ги исполнува сите стандарди на УЕФА и на него ќе можат да се одиграат и најголемите мечеви во сезоната како што се финале од Лигата на шампионите или Европски и Светски првенства.