24фудбал

Кавгата не траеше долго, Икарди и Ванда повторно се заедно (ФОТО)

Семејната драма меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара заврши со среќен крај, таа му прости за неверството и сега повторно се заедно.

Италија

Пред некој ден Ванда Нара преку социјалните медиуми објави дека Икарди за некоја ку*ва го уништил семејството. Тоа покрена шпекулации дека двајцата се разделуваат.

Икарди доби слободни денови од ПСЖ за да си ги реши семејните проблеми, и тоа го направил успешно.

На својот инстаграм профил таа објави стори од двајцата во Миланно и срциња. А и Мауро Икарди објави фотографија на инстаграм со која на Ванда ѝ го честиташе денот на мајката.