24фудбал

Лудо дерби во Хрватска, Велковски стрелец за Ријека, Ристовски асистент за Динамо (ВИДЕО)

Ријека и Динамо Загреб одиграа нерешено 3-3, домаќините водеа со 3-0 на полувреме но не дојдоа до трите бода.

Македонија

Ријека прокоцка предност од три гола разлика, Велковски во 41. минута го постигна погодокот за 3-0. Македонскиот дефанзивец го одигра целиот натпревар.


На спротивната страна Ристовски исто така одигра 90 минути, а со негова асистенција Динамо Загреб израмни на 3-3.


Дрниќ постигнга два гола за Ријека, Петовиќ реализираше двапати од пенал за Динамо Загреб.