24фудбал

Фановите на Јунајтед конечно сфатија дека не можат да освојуваат титули со Оле, бараат да си оди (ФОТО)

Навивачите на Манчетер јунајтед долго време му даваа поддршка на Оле Гунар Солшер, но по серијата лоши резултати го загубија трпението и бараат да добие отказ.

Англија

Фановите на Манчестер јунајтед му даваа поддршка на Солшер, тој имаше многу поголема поддршка за разлика од Мурињо и од раководството кое му создаде фантастичен тим, но резултати нема.

Оваа сезона досега Манчестер јунајтед доживеа елиминација од Карабао купот, загуби од Јанг Бојс во Лигата на шампионите, во Премиерлигата во последните кола нижи лоши резултати кои кулиминаа со пораз од Лестер, а во следното коло играат со Ливерпул.

Навивачите веќе не гледаат како би можеле со Солшер да освојат трофеј. Екипата има играчи кои со потег може да решат меч, но нема тимска игра, нема план, нема тактика која е препознатлива. И Гери Невил рече дека Јунајтед се потпира на индивидуалци, наместо да игра како тим.

По денешниот пораз, речиси и да нема навивачи на Манчестр јунајтед кои му даваат поддршка на Оле, ја бараат неговата глава и сакаат елитен тренер кој знае како се освојуваат трофеи.