24фудбал

Лоши вести од Хрватска: Повредата на Адеми е сериозна, го чека подолга пауза!

Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Аријан Адеми за ноемвриските натпревари на репрезентацијата на Македонија, капитенот на Динамо Загреб ќе паузира до пролет.

Македонија

Адеми се повреди при еден дуел со Каи Хаверц на мечот меѓу Македонија и Германија. Излезе од теренот, но се врати и се чинеше дека се е во ред со него, сепак после неколку минути мораше да биде заменет.

Со оглед на тоа што се врати првично во игра првите прогнози беа дека не станува збор за нешто сериозно, но не е така.

Адеми заработил потешка повреда на зглобот и ќе мора да паузира 2-3 месеци, според хрватските медиум тој ќе се врати за пролетниот дел од сезоната.

Капитенот на Динамо ќе ги пропушти преостанатите европски мечеви на хрватскиот тим до крајот на оваа година, ќе се врати за нокаут фазата.

Тој ги пропушта и последните два меча на Македонија во квалификациите за СП, дуелите против Ерменија и Исланд.