24фудбал

Зидан не е привлечен од милионите на Арапите и Њукасл, Французинот има други планови

Медиумите од Англија пренесуваат дека Њукасл стапил во контакт со Зинедин Зидан и му ја понудил можноста да го наследи Стив Брус, но стратегот има други планови и го преферира коримилото на Франција или Јувентус.

Англија

Откако Њукасл премина во рацете на конзорциум предводен од Саудиска Арабија и стана најбогатиот клуб во светот, веднаш почнаа да кружат гласини за звучно име на тренерското столче.

И самиот Стив Брус призна дека ќе добие отказ, но се уште нема абер за разделба бидејќи потрагата по нов стратег заглави откаколку неколку имиња кажаа НЕ.

Антонио Конте беше првото името, потоа негативен одговор даде и Брендан Роџерс, а според пишувањата на Мирор, истото го сторил и Зинедин Зидан.

Новите сопственици на Њукасл стапиле во контакт со поранешниот предводник на Реал Мадрид и му ја понудиле можноста да го наследи Стив Брус.

Но како што пренесува Мирор, понудата во едно уво влегла, во друо излегла, Зинедин Зидан има други планови и преферира да седне на кормилото на Франција или Јувентус.