24фудбал

Главоболки за Гвардиола, Торес се врати повреден

Шпанскиот фудбалер, Феран Торес ќе биде надвор од теренот извесен период откако заработил скршеница на стапалото.

Англија

Феран Торес со Шпанија играше во финалето од Лигата на нации и се повреди. Прегледите покажаа дека има скршеница на стапалото на десната нога.

Од Сити објавија дека се работи за мала скршеница, но во моментов не можат да кажат колку време тој ќе биде надвор од теренот.

„Торес дојде повреден, ние продолжуваме да ја надгледуваме неговата состојба, засега не се знае колку ќе трае рехабилитацијата“, објави Манчетер Сити.