24фудбал

Во Франција повеќе нема да се игра фудбал на 5. мај

Парламентот го изгласа законот кој наиде на противење од куќата на фудбалот во таа земја.

Франција

Француските власти донесоа закон со кој се оневозможува одржување на спортски натпревари на 5. мај, а сево ова во знак на почит кон жртвите кои настрадаа на Корзика пред 29 години.

На 5. мај на арената „Фуријани“ се случи вистинска катастрофа откако една од трибините на стадионот на Бастија се сруши пред самиот старт на полуфиналето од националниот куп на Франција.

Трагедијата беше голема, загинаа 18 лица, а повредени беа повеќе од 2.300.