24фудбал

Официјално: Педри стави потпис на нов договор, Барса за прв пат во историјата постави клаузула од 1 милјарда!

Барселона на социјалните мрежи се пофали дека талентираниот Педри ставил потпис на нов договор до 2026 година, медиумите пренесуваат дека Шпанецот станал првиот играч во историјата на „каталонците“ со откупна клаузула од 1 милјарда евра.

Шпанија

Пристигна официјална потврда, Педри останува верен на Барселона и стави потпис на нов договор. Клубот од Камп Ноу попладнево на социјалните мрежи се пофали дека Шпанецот ја продолжил соработката до 2026 година.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека откупната клаузула на Педри ќе скокне од 400 милиони на 1.000 милиони, и тој ќе стане првиот играч во историјата на Барса со откупна клаузула од 1 милјарда евра.

18 годишното момче се пресели во Барселона минатото лето, веднаш се наметна кај Роналд Куман и во сезоната 2020/21 никој не одигра повеќе од него.