24фудбал

Кејн: Перформансите можеби не ми се за пофалба, но нема потреба од паника

28 годишниот напаѓач се уште го нема постигнато првиот гол во новата сезона од Премиерлигата, а се претпоставува дека случувањата околу него во летниот преоден рок влијаат на неговата актуелна форма.

Англија

Хари Кејн ланската сезона ја одбележа со фантастичен учинок од 23 погодоци и 14 асистенции во дресот на Тотнем, меѓутоа проблемите во неговата форма почнаа со самата негова желба за нов предизвик во кариерата, нешто што го стори јавно.

Сапуницата околу неговата иднина за момент заврши со разрешница, остана во дресот на „Спарси“, меѓутоа никако да се пронајде себе си на теренот, ниту на клупски, а ниту на репрезентативен план.

Имам говорено на оваа тема, перформансите за клубот и државата можеби не ми се за пофалба изминативе неколку седмици, но нема потреба од паника“ рече Кејн во изјавата за „Мирор“ по ремито на Англија со Унгарија на свој терен, каде тој беше заменет со Тами Абрахам во 76 минута.

Јас сум на добро место, знам дека постоеа разни шпекулации за мене, на крајот од денот имам постигнато девет гола сезонава, работам напорно, убеден сум, верувам во себе дека кога ќе дојдат шансите ќе ги искористам“ додаде напаѓачот, кој во целост е свесен за тоа што многумина дискутираат за неговата форма во моментов.

Сето тоа е нормално, секој си има право на сопствено мислење, на крајот од денот јас сум и самокритичен кон себе, сам си ставам притисок на себе да сторам нешто повеќе на теренот и да забележам добра игра, треба да продолжам со напорната работа за тимот, постои голема врева за мене, кога сте спортист на високо ниво сето тоа е нормално, а јас секогаш кога стапнувам на теренот давам 110% од себе за клубот и државата“ увери Кејн.