24фудбал

Педри става потпис на нов договор со најголемата откупна клаузула во историјата на Барса

Талентираниот Педри наскоро ќе стави потпис на нов договор и ќе добие рекордна откупна клазула, Барселона ќе заштити Шпанецот со сума од една милјарда евра.

Шпанија

По трансферот од Лас Палмас, Педри за кратко време прерасна во нова ѕвезда на Барселона и Шпанија, па „каталонците“ не сакаат да ризикуваат ништо и ќе го заштитат најголемата откупна клаузула во историјата на клубот

Се шпекулира дека 18 годишното момче наскоро ќе стави потпис на нов договор во кој откупната клаузула ќе биде поставена на една милјарда евра.

За споредба, во договорот на Лео Меси имаше откупна клаузула од 700 милиони евра, додека рекордот го држи Антоан Гризман, кој беше заштитен со 800 милиони евра.

Откупни клаузули од една милјарда се заштитен знак на Флорентино Перез, кој со ваква сума го штитеше Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на Реал Мадрид.