24фудбал

Њукасл ќе „шопингува“ во Серија А

Њукасл доби нови сопственици, а со тоа Премиерлигашот најави „потрес“ на трансфер пазарот во наредните преодни рокови за трансфери, а големи засилувања на „Сент Џејмс Парк“ се очекуваат уште во јануари.

Англија

Конзорциумот од Саудиска Арабија и официјално го купи Њукасл, клуб кој доби убедливо најбогат газда, па така медиумите веќе почнаа да шпекулираат околу новите имиња како засилувања кои треба да продефилираат на „Сент Џејмс Парк“.

Се верува дека Њукасл ќе има буџет од 250 милиони евра за засилувања, со тоа што нема да ги прекрши финансиските правила на Премиерлигата, а „Тутоспорт“ наведува дека постојат неколку желби за засилувања од Серија А.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, а сегашен член на Јувентус, Арон Ремзи е еден од нив, а се верува дека „Старата дама“ не би имала ништо против да го продаде Велшанецот уште во јануари, со оглед на фактот што тој во Торино пристигна без обештетување.

Двоецот од Јувентус Федерико Киеза и Матијс де Лихт исто така се поврзува со Њукасл, меѓутоа, неофицијалните информации говорат дека клубот од Торино не сака да се раздели со нив.

Њукасл истовремено под будно око ја следи ситуацијата околу преговорите на Франк Кеси за нов договор со Милан, актуелниот му истекува идното лето, а се споменува дефанзивецот на Интер, Стефан де Вриј, како и фудбалерот од средниот ред на таа екипа, Марсело Брозовиќ.