24фудбал

Легендата на германскиот фудбал, Матеус се смрзна во Скопје, му даваа ќебе да се покрие (ФОТО)

Лотар Матеус синоќа беше во Скопје како стручен коментнатор на РТЛ, Германецот смрзна иако беше 15 степени, па му дадоа ќебе да се стопли.

Македонија

Матеус е вистинска легенда на германскиот фудбал, тој е рекордер по бројот на настапи во репрезентацијата на Германија, вкупно 150. Синоќа беше во Скопје како ко-коментатор на РТЛ.

Во еден момент на Матеус му дадоа ќебе за да се згрее. Во Скопје имаше 15 степени, а Германецот се однесуваше како температурата да е во минус.

Матеус има дури пет настапи на Светските првенства, тој ја има освоено и Златната топка.