24фудбал

ПСЖ се жали дека Реал Мадрид сака да го добие Мбапе беспари, а одби 200 милиони евра!

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се жали дека Реал Мадрид долго време се обидува да го договори Килијан Мбапе како слободен играч иако тие одбија огромни понуди од кралскиот клуб ова лето.

Франција

ПСЖ летово одби три понуди од Реал Мадрид за Мбапе, од 160, 180 и 200 милиони евра. Тоа се огромни понуди за фудбалер на кој договорот му истекува по крајот на сезоната. Но францускиот клуб одби.

Реал Мадрид веќе во јануари ќе може официјално да преговара со Мбапе, да потпише претдоговор и тој следното лето да отиде таму како слободен играч. Нешто што е многу извесно дека ќе се случи.

„Од Мадрид демантираат, но мислам дека Реал Мадрид веќе долго време се обидува да го ангажира Мбапе како слободен играч. Тие веќе две години јавно зборуваат за Мбапе. Ова мора да биде казнето“, вели Леонардо.

Не гледам никаква почит од Реал Мадрид за договорот на Реал Мадрид. Тој не е обичен фудбалер, тој е еден од најдобрите во светот. Тренерот, бордот, фудбалерите на Реал Мадрид зборуваат за Мбапе... мислам дека тоа е дел од планот“.

„Нашиот план е да го продолжиме договорот на Килијан Мбапе. Ништо не се променило во нашите планови. Никогаш не сме ја планирале иднината на ПСЖ без Мбапе“.