24фудбал

Македонија убедлива во Лихтенштајн, прва победа со Благоја Милевски (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација успешно си ја заврши работата во Лихтенштајн, победивме со убедливи 4-0 и запишавме три многу важни бодови.

Македонија

Во четвртиот натпревар под водство на селекторот Благоја Милевски, Македонија дојде до првата победа. Македонските фудбалери одиграа одличен меч и рутински го победи Лихтенштајн со 4-0.

Тргнавме офанзивно уште од првата минута, Трајковски пропушти голема шанса на почетокот од мечот.

Лихтенштајн играше бункер а ние се обидувавме да го пробиеме, тоа конечно се случи во 39. минута кога Дарко Велковски одлично се снајде во една мешаница и погоди за водство на Македонија од 1-0.


Во 66. минута по прекршок над Адеми, судијата покажа пенал за нашата репрезентација, Алиоски реализираше за 2-0, веќе стана полесно.


Само што влезе во игра Николов, постигна прекрасен гол во 74. минута за водство од 3-0.


Точка на мечот стави Дарко Чурлинов со фантастичен соло пробив во 83. минута. Победа на Македонија од 4-0.


Со овој трумф се искачивме на втората позиција со 12 бодови колкку што има и Ерменија, но ние имаме подобра гол разлика.