24фудбал

Фудбалер на Рома и негов пријател му велат на Мурињо дека ќе шмркаат кокаин (ВИДЕО)

Фудбалерот на Рома кој неодамна тагуваше по неговиот починат татко, Никола Залевски сега е дел од контроверзно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Италија

Видеото е постирано на инстаграм профилот на пријател на Николо Залевски, италијанскиот трапер Зеп Дембо кој е прилично популарен во Рим.

На видеото се Дембо, Залевски и трет човек. Траперот зборува, фудбалерот го следи.

„Ќе ви ја кажам вистината, денеска овој фудбалер ќе шмрка. Мурињо, вечерва ќе шмркаме, ќе го направиме тоа“, се зборовите во видеото.

Видеото на сторито стоело само неколку секунди по што Зеп Дембо брзо го избришал, но некои го снимиле и тоа сега кружи на социјалните мрежи.

Според „Калчомеркато“, видеото го гледале и директорите на Рома, па се очекува Залевски да биде казнет.

19-годишниот фудбалер на Рома повремено беше пуштан во игра од страна на Мурињо, но ова видео во кое тој и неговиот пријател директно го споменуваат Португалецот, може да му наштети во развојот на кариерата. Не многу паметен потег на Залевски.