24фудбал

Рајола го обвинува Милан за свирежите кон Донарума

Агентот на Џиџо Донарума, Мино Рајола застана во одбрана на својот клиент и прстот го впери кон Милан за непријатната вечер на голманот на Сан Сиро.

Италија

22-годишниот голман немаше топло добредојде на стадионот на кој бранеше пред да замине во ПСЖ. Илијадници навивачи на Милан го исвиркуваа во текот на целиот натпревар.

По мечот Донарума плачел во соблекувалната, а дека Џиџо го чека тешка вечер фановите на Милан најавија уште пред мечеот кога на голем банер во Милано напишаа: „Донарума, гомно едно, никогаш немам дад бидедш добредојден во Милано повторно“.

Иако Милан нема веќе ништо со Донарума, а ги има своите фанови кои ја креираат атмосферата на мечевите, Рајола се чуди зошто клубот не застанал зад голманот.

„Згрозен сум од свирежите кон Донарума и се прашувам зошто Милан не интервенираше на некој начин по истанувањето на банерот“, вели Рајола.

„Дали тој убил некој? Не мислам така. Вистината е дека Милан немаше сила да го задржи, но тоа не прави разлика“.

„Прашајте било кој, прашајте го татко му. Што би му сугерирал на својот син? Да оди во ПСЖ или да остане во Милан?“.

„Тоа што се случи на стадионот е тажно, страшно и срамно“.

„Страшно е затоа што фановите на Милан го таргетираа Донарума само затоа што направи слободен избор“.

„Исто така е страшно и разочарувачки што Милан не се дистанцираше од ова неприфатливо однесување“.

„Италија изгледаше лошо пред целиот свет, навистина го ценам гестот на Бускетс, тој ја разбира ситуацијата и она низ што поминува Џиџо“.

„Џиџо секогаш давал се од себе за нациналниот тим, допринесе за освојувањето на ЕП и беше најдобар играч на турнирот“.

„Исто така му помогна на Милан, остана лојален на клубот во најтешкиот момент, беше професионален до послледниот ден и им помогна да се вратат во Лигата на шампионите“.