24фудбал

Јувентус и Милан во исчекување на одлуката на Барселона за Умтити

Францускиот стопер е на излезна врата од „Камп Ноу“ веќе извесен период, а се чини дека би можел да си замине во јануарскиот преоден рок.

Италија

27 годишниот Самуел Умтити би можел да го раскине договорот со Барселона со обострана согласност, а во едно такво сценарио Јувентус и Милан се веќе подготвени да реагираат, известува „Диарио Гол“.

Актуелниот договор на Умтити со Каталонците истекува во 2023 година, а веќе познато е дека Французинот не е во плановите на својот тренер Роналд Куман, а холандскиот фудбалски стратег не се противи на негова продажба.

Јувентус и Милан се поврзуваа со Умтити и во летниот преоден рок, меѓутоа трансферот не се реализираше, но се верува дека во јануарскиот преоден рок би можеле одново да се вратат во игра за неговиот потпис.