24фудбал

Ремзи смета дека повредите му се последица од методите на работа и тренирање во Јувентус

Изјавата на Велшанецот доаѓа во период кога во Јувентус наводно се подготвуваат уште во јануарскиот преоден рок да се ослободат од него.

Италија

Арон Ремзи се чини дека вината за неговите повреди ја гледа во методите на тренирање во Јувентус, инсистирајќи на тоа дека во стручниот штаб на Велс многу добро знаат како да го извлечат најдоброто од него.

Филозофијата на тренингот и методите се сосема различни во мојот клуб споредено со тука“ рече Ремзи.

Постојат многу луѓе кои зад себе имаат години во менаџирањето со мене, тие знаат како да го извлечат најдоброто од мене, како и да ми овозможат да играм повеќе натпревари во низа, како и што покажав претходно на Европското првенство“ додаде тој.

Рехабилитацијата одигра голема улога во сето тоа кај мене, во моментов сум возбуден што повторно сум инволвиран и се надевам дека одново ќе имам голема улога на теренот“ заклучи Ремзи.

Пресметано од март годинава па наваму, интересно е тоа што 30 годишниот Ремзи запиша повеќе минутажа играјќи за националниот состав на Велс, отколку за Јувентус.