24фудбал

Саудијците го превземаат Њукасл, Конте ќе седне на клупата и ќе бидат потрошени 200-250 милиони на засилувања?!

Конзорциум од Саудиска Арабија ќе го превзеде Њукасл откако Премиерлигата реши да даде зелено светло за зделката вредна околу 300 милиони фунти, се очекува официјално соопштение во следните 24 часа.

Англија

Ерата на контроверзниот Мајк Ешли на чело на Њукасл е пред крај. По долги преговори, натегања и блокади, Премиерлигата даде зелено светло за конзорциум од Саудиска Арабија да го превзеде Њукасл во зделка вредна околу 300 милиони фунти.

Се очекува официјално соопштение да пристигне во следнтите 24 часа, одредени извори пренесуваат дека потврдата може да пристигне уште во текот на денот.

Њукасл ќе стане најбогатиот клуб во светот на фудбалот, но поради правилата за Финансиски фер плеј, новите сопственици ќе имаат одредени ограничувања. Сепак, во прилог им оди тоа што Њукасл изминативе години бележеше добивки, па експертите предвидуваат дека веднаш ќе можат да бидат потрошени 200 до 250 милиони фунти на засилувања без да се стравува за санцкии.

Се очекува тренерот Стив Брус да добие отказ и звучно име да го предводи проектот, веќе се шпекулира со името на Антонио Конте.